Дупчење

Во зависност од Вашите потреби, нашата фирма е опремена и со прецизни машини за отварање на отвори со различни големини.

Брусење

За процесот на брусење нашата фирма располага со брусалки кои изведуваат рамно и цилиндрично брусење, со што се добиваат квалитетни, финални производи по највисоки стандарди.

Обработка на ерозимат

Обработка на ерозимат (сечење со жица) претставува процес кој се изведува на компјутерски управувана машина. Со помош на истата се изработуваат висококвалитетни алати, со прецизно обработена површина која е од огромно значење во натамошниот процес на изработка на финалниот производ.

Глодање и стругање

Процесите на глодање и стругање претставуваат почетна фаза за симнување на материјалот кои што овозможуваат едноставна и комплексна обработка на површини, за чија што изведба располагаме со повеќе видови на квалитетни машини.