Нашиот магацин нема залиха на готови гумени производи, но затоа можеме по порачка за вас да направиме речиси се што ви е потребно од гума без оглед на количината и за најкраток можен рок.
Техногума работи со процеси на компресија и на инјектирање на гума за добивање на готов производ.
Располагаме со над 20.000 калапи за лиење на различни видови гумено-технички производи како мембрани, плочи, О-прстени, заптивки, вакуум гуми, спојки, амортизери, кумплунг гуми, тркала, како и неправилни гумени форми. Ваквите производи имаат широка примена во прехрамбената, машинската, хемиската, текстилната, автомобилската и многу други индустрии.
Вие може да ни ги кажете условите на работа на гумениот производ што ви е потребен, а ние го одредуваме и го произведуваме типот на гумата што треба да ги исполни вашите барања.
Се што треба вие да направите е да ни доставите технички цртеж или примерок, а ние ќе се погрижиме за останатото.